Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

Од:

Белгиската полиција уапси четири лица осомничени дека планирале да нападнат концертна сала во Брисел за неколку недели.

Меѓу уапсените има тројца малолетници и еден возрасен кој е обвинет за „учество во активности на терористичка организација“.

Белгија во последните години беше цел на екстремистички напади, од кои последниот беше во октомври, кога во Брисел беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи.

Во 2016 година, 32 лица беа убиени во екстремистички напади на бриселскиот аеродром и метро станица, а минатата година поротата прогласи шест лица за виновни за тоа терористичко убиство, кое беше дел од бранот напади во Европа поврзани со групата Исламска држава.

Меѓу осудените е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна во Франција за учество во нападите врз кафулињата во Париз, музичката сала Батаклан и стадионот во 2015 година. Тие напади беа поврзани и со истата екстремистичка група Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Двајца Таџикистанци чии имиња се појавија во списокот со терористи, не се вмешани во настанот

А1он

ФСБ: Четворица терористи уапсени во близина на границата со Украина

А1он

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

А1он

Шведската полиција уапси четворица терористи

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски