Болсонаро, исмејувајќи го Зеленски, најави неутралност на Бразил

Од:

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на синоќешната прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „украинскиот народ ги ставил своите надежи во рацете на комичар“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

– Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро всушност зборувал за посетата на Москва претходно овој месец.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски