Стотици мажи од исламистичката група „Боко харам“ упаднаа утрово во нигерискиот град Гомбе, без да наидат на воен отпор, пренесе БТА.
Очевидци кои побегнале од градот велат дека бунтовниците ја пробиле граничната контрола, која води кон Гомбе.
Воен авион прелетал над градот, без да ги нападне исламистите. Жител на градот, кој не успеал да избега, изјави дека насекаде се слушаат пукотници и артилериски оган и целиот град е во паника.