Нигериската исламистичка група Боко Харам добила нов лидер, додега во јавноста непознат – Махамата Дауд, изјави претседателот на Чад, Идрис Деби. Тој не наведе што се случило со неговиот претходник Абубакар Шекау.
Во последните снимки на Боко Харам не с епојавуваше Шекау и тоа предизвика спекулации дека е убиен.
Деби додаде дека Дауд е отворен за дијалог, јави Би-Би-Си.
Во меѓувреме припадници на Боко Харам убија намјалку осум луѓе во близина на градот Маидугури. Од 2009 година Боко Харам се обидува да воспостави шеријатски закон на североисток во Нигерија.