Би-би-си: Помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници се убиени или повредени во битката за Бахмут

Од:

Помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници се убиени или повредени во битката за Бахмут од минатото лето, соопштија западните власти, пренесува Би-би-си.

Големи загуби претрпе и украинската армија, но западните власти не ги потврдија податоците што вчера ги презентираше рускиот министер за одбрана. Сергеј Шојгу на Телеграм објави дека само во февруари Украина загубила 11.000 војници во таа битка.

Западните власти веруваат дека руската платеничка група Вагнер е без борци и опрема. Нивниот лидер Евгениј Пригожин рече дека тоа е резултат на „бирократија или предавство“. По шестмесечни борби, градот се уште не паднал во руски раце.

Западните власти исто така истакнуваат дека во моментов нема индиции за голема руска инвазија. Русија направи многу скромен напредок во текот на зимата.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план

Украинците бегаат во Унгарија

ВИДЕО: Погодени рафинерија и складиште за нафта во Русија

Катерина Ѓуровски