Бајден го критикуваше Зеленски: Не сакаше да ги слуша предупредувањата за руската инвазија

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да ги слушне“ предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја.

„Многумина мислеа дека претерувам“ кога зборував за рускиот напад врз Украина, рече Бајден на приемот во Лос Анџелес, на кој се собираа средства за Демократската партија.

„Имаме информации во тој поглед дека Путин ќе ја премине границата. Немаше сомнеж, но Зеленски не сакаше да слушне“, изјави Бајден пред новинарите.

САД почнаа да предупредуваат за подготовките за инвазија на Украина многу пред рускиот претседател да објави „специјална операција“ на 24 февруари. Овие предупредувања предизвикаа неверување, па дури и критики од некои европски сојузници, кои во тоа време мислеа дека САД претеруваат.

На крајот на јануари, откако американските власти рекоа дека Путин наскоро ќе изврши инвазија, неименуван украински функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Зеленски му рекол на Бајден да се смири со изјави за инвазијата, бидејќи тоа создава паника.

Во понеделникот, американскиот директор на националното разузнавање Аврил Хејнс рече дека Бајден дури ја отстранил тајноста од разузнавачкитеи нформации за руската инвазија во обид да ги увери скептичните сојузници дека тоа навистина ќе се случи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски