Аврамопулос: Унгарија и Полска не примиле ниту еден мигрант досега

Од:

Еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, по денешниот состанок на Колеџот на комесари на Еворпската унија во Стразбур, објави дека неформалната Влада на ЕУ ќе започне постапка за казнување на Унгарија и Полска, ако за еден месец овие две земји-членки на Унијата не започнат да примаат бегалци и мигранти, одредени според претходно договорената релокациска шема меѓу ЕУ-земјите.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, според Аврамопулос, Унгарија и Полска се единствените од 28-те земји-членки на Европската унија што досега не примиле ниту еден бегалец или мигрант, иако веќе 18 илјади од овие лица се преместени досега од Италија и Грција кон некоја од другите ЕУ-земји.

Според комесарот Аврамопулос, токму развојот со релокацијата била главна точка на денешниот состанок на Колеџот на комесари на Унијата, при што е потврдено дека досега е достигната релокација на 18.000 бегалци од Италија и Грција и дека повеќе од 70 проценти од овие лица се прераспределени во рамки на Унијата.

– Остварливо е дека може да се релоцираат сите бегалци и мигранти од Грција и Италија до септември, но тоа бара земјите-членки да ги забрзаат и да не ги редуцираат своите напори. Мнозинството од земјите-членки прават напори во вистински европски дух, но други покажуваат несолидарност. Затоа ги повикувам Полска и Унгарија, кои досега не примиле ниту еден човек според релокациската шема, да почнат тоа да го прават веднаш, повика комесарот Аврамопулос на денешната прес-конференција во Европскиот парламент во Стразбур.

Според грчкиот претставник во Колеџот на комесари на Европската унија, по неговите контакти со австрискиот министер за внатрешни, Волфганг Соботка, Австрија се согласила да започне со релоцирање мигранти од Италија. Тој исто така ги повика Словачка и Бугарија да престанат со стриктните мерки против релокацијата, а на Ирска и Естонија им порача „да најдат ангажман со Италија за безбедносните интервјуа, на начин како што тоа го направија Холандија и Франција со Грција“, а со цел да нема практични и оперативни причини за да не се одвива редовно релокацијата.

Еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство посочи дека Италија треба да ги забрза процедурите за идентификација и регистрација, со цел да се идентификуваат сите лица што потоа треба да се преместат и да се преместат во куќи за сместување. Тој истакна дека веќе 10.400 лица се подготвени за преместување од Грција, како и околу две илјади мигранти од Италија, додека седум илјади лица во оваа земја треба наскоро да се регистрираат.

– Тие земји што се уште не релоцирале ниту едно лице, ќе мора итно тоа да го сторат и ако не се преземе акција пред следниот извештај во јуни, Европската комисија нема да се двоуми да го употреби она што и го нудат договорите на Европската унија и да отвори процедура за наметнување на санкции. Да, ова е еден вид на ултиматум. Еврокомисијата ќе специфицира во следниот извештај во јуни, ќе ја искористи позицијата за употреба на силата што и ја даваат договорите на ЕУ, посебно за отворање на процедура за прекршување. Ги исцрпивме последните 12 месеци и сите земји-членки на ЕУ треба да држат до ветувањата, а релокациската шема е договорена пред година ипол во Луксембург, се закани еврокомесарот Димитрис Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски