Во пограничниот град Гамбор нанесени се тешки загуби кај џихадистите од Боко Харам. Убиени се над 200 исламски екстремисти, соопшти денеска ГШ на војската на Чад.
Во акциите убиени се девет војници од Чад, а 21 е ранет.
Чадските војници за првпат дејствуваа како регионални сили во борбите против исламските екстремисти на нигериска територија во пограничниот град Гамбор, заземен од Боко Харам во копнена офанзива.
Околу 2.000 војници со поддршка на оклопни возила ја минаа границата и навлегоа вчера во Гамбор откако трупи на Африканска унија минатата недела поддржаа судири на регионални сили со екстремистите.
Додека се водела операцијата во Гамбор во градот Фотокол од другата страна со Камерун чадската армија е под нов удар на џихадистите, наведуваат камерунски војници.