Африканските лидери се договорија да испратат 7.500 војници, кои ќе се борат против групата „Боко Харам“ во североисточниот дел на Нигерија, изјавија претставници на Африканската унија, цитирани од американските медиуми.
Одлуката доаѓа откако Советот за мир и безбедност на Африканската унија ги повика шефовите на држави и влади да го поддржат испраќањето војници од пет западноафрикански држави за да се
борат против терористичката група.
Лидерите на африканските земји, кои до синоќа учествуваа во работата на 54-члената Африканска унија, беа собрани на дводневен самит во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
Бунтот на „Боко Харам“ од 2009 година до сега однесе 13. 000 жртви. Исламистите презедоа цели територии од североисточниот дел на Нигерија и ги зголемија своите операции во соседен Камерун.