Најмалку 42 лица се убиени денеска во напад на екстремистите од Боко Харам во нигериската држава Борно, во северозападниот дел на земјата, еден ден откако 12-годишно девојче активираше експлозивот и уби најмалку десет и рани уште 30 лица.
– Примивме извештаи за нападите за кои постои сомневање дека ги извршиле вооружени напаѓачи од Боко Харам во две села во кои се евидентирани 42 смртни случаи, изјави анонимен претставник на властите од градот Биу во Борно.
Нападот е извршен врз две села во окрузите Биу и Хавул во североисточна Нигерија на околу 180 километри јужно од локалната престолнина Мајдугури.