3.700 Швеѓани погрешно дијагностицирани со Ковид-19

Од:

Околу 3.700 лица во Шведска добиле неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка во опрема за тестирање која пристигнала од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје во земјата.

Според здравствените власти, опремата на компанијата БГИ Геномикс (BGI Genomics) не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со коронавирусот и негативниот резултат.

– Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за користење на овој тест, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на Одделот за микробиологија на агенцијата.

Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не изнесуваше други детали.

Шведска соопшти дека погрешните резултати имале мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Агенцијата денеска соопшти дека, од почетокот на пандемијата, во Шведска се потврдени 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност