Одбраната на Камчев демантира дека се жалел дека има коронавирус

Од:

Одбраната на бизнисменот Јордан Орце Камчев тврди дека притвореникот не се пожалил на симптоми на коронавирус. Тие испратија реакција на текстот ,,Камчев се жалел дека има коронавирус, но одбил испитувања на државна клиника” која ја проследуваме во целост:

„Во однос на објавата на вашиот портал, денес, 04.11.2021 година со наслов ,,Камчев се жалел дека има коронавирус, но одбил испитувања на државна клиника” како одбрана на г-динот Камчев бараме оваа реакција да се пренесе во целост со цел транспарентно и непристрасно информирање на јавноста, а не изнесување на според вас ,,неофицијални” информации кои како сериозен медиум е недозволиво да ги објавувате.

Се работи за целосна невистина дека г-динот Камчев воопшто се пожалил на симптоми на коронавирус и дека одбил испитувања на државна клиника.

Сериозното срцево хронично заболување кое го има г-динот Камчев, а е потврдено и од врвни кардиолози експерти од Р. Австрија, Р. Словенија и Република С. Македонија, само по себе бара посебен третман и редовни прегледи. Имено, во текот на летото, по алармантно влошена здравствена состојба на г-динот Камчев, тој беше пренесен на Клиниката за Кардиологија каде што задржан 5 дена, а потоа беше вратен во притворското одделение на КПУ Скопје.

Тогаш, од страна на докторите од Клиниката за Кардиологија во Скопје беше потврдено дека треба да се изврши контролен преглед месец и половина по неговото пуштање од клиниката. Како одбрана на г-динот Камчев, во соодветниот период посочен од докторите побаравме тој да биде посетен во затворот од доктор и да му се овозможат неопходните лекарски прегледи почнувајќи од биохемиска анализа која за неговата состојба е основен и неопходен параметар.

Тоа не беше дозволено, туку од страна на затворската управа му беше понудено во 15 часот попладне да биде спроведен на Клиниката за Кардиологија во Скопје. Г-динот Камчев го одби тој преглед бидејќи терминот и начинот се сосема несоодветни за биохемиски проверки кои како што напоменавме се клучни и основни за проверка при третманот на неговата здравствена состојба.

Како и тогаши сега, како одбрана, бараме објаснување на кој основ се одлучува кој од притворениците има право да се лекува на приватна, а кој на државна клиника, односно кој е органот кој одлучува за тоа?

Вашиот портал изнесува невистини и во делот на објавата дека г-динот Камчев не се пожалил на влошена здравствена состојба на затворскиот лекар. Во неколку наврати, при сериозно влошување на неговата здравствена состојба тој има побарано интервенција од затворскиот лекар, но имало случаи и кога смената на лекарот била завршена па за преглед доаѓала само медицинска сестра и како што е веќе познато на јавноста, неговата влошена здравствена состојба во притворската келија е третирана со кисела вода и сол.

Во насока на точно и непристрасно информирање на јавноста, бараме повлекување на вашата објава и објава во целост на демантот кој го испраќаме и во кој појаснуваме официјални детали за случувањата поврзани со здравствената состојба на г-динот Камчев. Во спротивно, бидејќи се работи за повторно, непотврдено и невистинито изнесување на сензитивни информации од ваша страна, како одбрана на г-динот Камчев ќе бидеме принудени да преземеме соодветни правни мерки во врска со истото“, стои во реакцијата на одбраната на Јордан Орце Камчев.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов