Камчев се жалел дека има коронавирус, но одбил испитувања на државната клиника

Од:

Орце Камчев барал преку адвокатскиот тим да биде спроведен на контрола во приватна клиника со тврдење дека е заразен со коронавирус, дознава „А1он“. Судот дал одобрение да му се направат испитувања во клиниките при Клинички центар „Мајка Тереза“, но тој одбива. Вечерва беше објавено и видео на „Твитер“ со наслов „Орце итно спроведен на Клиника за Кардиологија“, информација која не е точна.

Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, за „А1он“ вели дека има одобрение за медицинска контрола, кое не е спроведено.

„По барање на одбраната, судија издаде одобрение за притворениот Орце Камчев да биде спроведен на медицинска контрола при Клиниката ‘Мајка Тереза’. Истото не е спроведено, бидејќи тој одбил“, вели Андов.

Според информации на „А1он“, Камчев досега не се пожалил на домскиот доктор за влошена здравствена состојба. Неофицијално, преку одбраната, до судија се пожалил дека е настинат и кашлал, што според него, се симптоми за коронавирус. Во затворот „Скопје“ во Шутка, дошла и Брза помош, која не го прегледала Камчев, бидејќи тој одбил. Утре, ќе му се прави и ПЦР-тест, од страна на екипи на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Пред три недели, бизнисменот Камчев притворен поради опасност во бегство и обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ кој се суди, одби прегледи на Клиниката за кардиологија. Тогаш, Кривичен суд одобри кардиолошки испитувања, но тој не сакаше да оди бидејќи не се во приватна клиника. Неговите адвокати, реагираа дека Орце Камчев има право да одлучи каде ќе се лекува.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов