Адвокатите на Камчев откако одби прегледи на државно: Тој има право да одлучи каде ќе се лекува

Од:

Орце Камчев има право да одлучи кај ќе се лекува. Ова го сметаат неговите адвокати кои прашуваат кој ја прави процената каде да се лекуваат притворениците. Според нивната реакција, Камчев сакал да прави кардиолошки прегледи во болницата „Систина“ чиј сопственик е „Орка холдинг“ фирма на која член на неизвршен одбор до јули годинава беше токму бизнисменот.

„Во насока на транспарентно пренесување на информациите и пласирање на истите во јавноста Ве информираме дека според Уставот на РСМ, г-динот Јордан Камчев, исто како и сите останати притвореници има право да одлучи каде ќе се лекува, односно, дали испитувањата и прегледите ќе избере да му се вршат во приватна или државна клиника. Согласно тоа, кој точно е органот во оваа држава кој ја прави проценката на кои притвореници им се дава право да одат на преглед во КБ ,, Аџибадем Систина’’, а кои на државната Клиника за Кардиологија? Исто така, како одбрана бараме објаснување каков е тој ,,сериозен’’ медицински преглед кој од КПУ Скопје планирале да го направат со спроведување на г-динот Камчев до Клиниката за Кардиологија во 15 часот попладне? Неопходните анализи, крвна и биохемиска анализа, не се вршат на пациенти во 15 часот попладне, а истите во овој случај се неопходни да бидат направени. Воедно Ве информираме, дека неговата ,,хронична терапија’’, како што наведувате во Вашата објава, сама по себе е сериозно здравствено нарушување кое е дополнително, видливо влошено за време на неговиот притвор, а претходно е потврдено и од врвни кардиолози од Р. Австрија, Р. Словенија и РСМ“, стои во реакцијата на адвокатите од Камчев.

„А1он“ веќе објави дека Камчев бил испратен на прегледи на Клиниката за кардиохирургија, но одбил, бидејќи сакал испитувањата да му се направат во приватна клиника. Директорот Филип Андов за „А1он“ потврди дека решението не било спроведено.

Бизнисменот пред шест дена доби ново решение за продолжување на притворот за нови 30 дена. Тој досега, неколку пати нудеше гаранции во имот и пари за да излезе од затворот, кои беа одбиени од судот. Камчев е во притвор поради опасност од бегство и можност за влијание на сведоци веќе седми месец. Тој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ кој веќе се суди.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов