• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Uncategorized

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

by А1он23/01/2020 - 16:1623/01/2020 - 17:03613
Share0

Кичевскиот основен Суд, на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Веста за Алсат М ја потврди неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

-Мислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според Кривичниот законик. Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка. Ова го знае и студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело, вели Асани.

Во пресудата како што информираат од Алсат М, пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори.

Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата, ниту од текот на постапката и дека ќе ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Гостивар.

Во завршните зборови обвинителката Манка Јаневска побара Ел Чека да се прогласи за виновен, но при изрекување на казната Судот да го има во предвид фактот дека обвинетиот е млад и досега не осудуван. Постапката пред кичевскиот суд за Ел Чека, кој живее во САД, а кој во изминатиот период објави десетина бомби со прислушувани разговори за челници на ДУИ, односно сегашни и поранешни функционери на партијата, се одвиваше во негово отсуство. Инаку, Ел Чека тврдеше дека снимките ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље.

el ceka

Би можело да ве интересира

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

Татјана Ташкова13/10/2019 - 12:1613/10/2019 - 12:54

Нова бомба од Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Татјана Ташкова13/10/2019 - 12:0513/10/2019 - 12:14

Алими и Џафери разговараат како да вработат ќерка на претседател на суд

Васко Маглешов01/08/2019 - 12:24

(ВИДЕО) Заев до Ел Чека: Објави разговори и за мене, ќе одговараш кога-тогаш

Галена Николовска-Ризвановиќ17/07/2019 - 13:0517/07/2019 - 14:55

(ВИДЕО) Јанева: Чека може да си ги преземе „бомбите“ од „Јутјуб“

Васко Маглешов13/06/2019 - 13:4220/06/2019 - 13:21

Хоџа: Владата нема да го коментира објавувањето на бомбите од страна на „Ел Чека“

Ана Ололовска06/06/2019 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен