Хоџа: Владата нема да го коментира објавувањето на бомбите од страна на „Ел Чека“

Од:

Владата останува на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби“, изјави денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со објавување прислушувани разговори на фејсбук истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и оти за тој случај надлежните институции, во случајот МВР, за тоа веќе ја информирала јавноста.

-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа.

Минатата недела МВР соопшти дека лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски