Алими и Џафери разговараат како да вработат ќерка на претседател на суд

Од:

На фејсбук-профилот на Ел Чека објавени се нови прислушувани материјали. Во некои од нив се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои разговараат за вработување партиски кадри.

dobivaj vesti na viber

Во петминутниот разговор се слуша договарање за да вработ ќерка на претседател на суд зашто нивен градоначалник имал предмет кај тој судија. „Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од гласовите на снимката.

Кичевското Обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмеди зад кој стои името на Ел Чека, кој живее во Чикаго, а по потекло е од кичевското село Туин. Тој подолго време објавува прислушувани телефонски разговори. Во разговорите се слушаат гласови на високи функционери на ДУИ, кои Ел Чека ги обвини за криминал. Обвинителството го товари кичевецот за неовластено прислушување и тонско снимање.

За бомбите што постојано ги објавува преку социјалната мрежа „Фејсбук“ тврди дека ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво Насеље“. По затворањето на старите профили на „Фејсбук“, постојано никнуваат нови со негово име и слика.

Ахмеди се соочува со казна затвор од една до пет години. Во една од своите објави посочува дека не се плаши од екстрадиција.

Би можело да ве интересира

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

Предраг Петровиќ

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Ана Ололовска

Шекеринска очекува да одговараат сите кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности

Ана Ололовска

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти

Ана Ололовска

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

Татјана Ташкова

Нова бомба од Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Татјана Ташкова