Нова бомба од Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Од:

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година.

Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува дека на снимката се слуша гласот на актуелната министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и тогашниот вицепремиерот во Владата на Никола Груевски, Фатмир Бесими.

Женскиот глас во разговорот вели дека членовите на Државната изборна комисија треба да гласаат принципиелно, во однос на изборната победа што во првиот круг ја доби кандидатот на СДСМ, Андреј Жерновски во Центар.

Женскиот глас кој „Ел Чека“ тврди дека е на Шекеринска, од соговорникот бара членот од ДУИ, Субхи Јакупи, „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.

Таа во разговорот додава дека ако има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија.

Во Центар сепак имаше прегласување, а Жерновски ја понесе победата во вториот круг од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Шекеринска: Одбележувањето на последната ратификација од НАТО протоколот е лекција за успех

А1он

Милошоски за снимките: Направени се од УБК во времето на Мијалков

А1он

Нови снимки: Милошоски се јавувал во Врховен суд да интервенира во предмет каде е вмешан неговиот татко

А1он

(ВИДЕО) Ременски: Медиумите навивачки известуваат за сопругот на Ременски, а не и за јатрвата на Шеќеринска

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Шекеринска: Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО

Предраг Петровиќ

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

Предраг Петровиќ