Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

Од:

Од почетокот на неделата, најмалку 27 патнички авиони ширум Европа беа цел на серија закани за поставени бомби, при што денеска, по нови закани, полицијата интервенираше и на аеродромот во Копенхаген.

Според информативниот портал DR.dk, полицијата во Копенхаген соопшти дека, врз основа на моменталните проценки, не постои опасност за патниците, вработените или другите лица на аеродромот.

Данските медиуми пренесуваат дека заканите биле испратени преку електронска пошта, а од аеродромот ги известиле вработените дека примиле заканувачка порака која се однесува на конкретни летови.

Како последица на заканите, некои авиони беа принудени да извршат итни слетувања, други беа придружувани од воени авиони, додека некои продолжија кон своите планирани дестинации.

Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека на кој било од авионите се пронајдени експлозивни направи.

Аеродромот во Даблин денеска продолжи со нормално работење, откако еден лет кон Рим беше пренасочен кон француска воена база поради закана за поставена бомба.

Аеродромските власти изјавија дека патниците можат да продолжат со своите патувања и дека летовите ќе се одвиваат според предвидениот распоред. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, ги поврза овие инциденти со проценка на Данската служба за воено разузнавање, според која Русија ги зачестила актите на саботажа, деструктивните сајбер-напади и нападите со беспилотни летала врз цели во Европа, како дел од ескалацијата на хибридното војување.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Закани за ликвидација на сите крстени луѓе во Република Српска и повик за џихад

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он