(ВИДЕО) Заев до Ел Чека: Објави разговори и за мене, ќе одговараш кога-тогаш

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека институциите постапуваат по објавените „бомби“ на Ел Чека.

– Институциите постапуваат за објавените разговори од Ел Чека. Се имаме обратено до сојузниците, во држави од каде мислиме дека се објавуваат снимките, одговори Заев на новинарското прашање за „бомбите“ на Ел Чека.

– Зошто некој тоа го прави треба анализи, за мене тоа е кривично дело. Згрозен сум од тоа што го слушав, има таму приватни разговори, кажа Заев и додаде дека кога тој ги објавувал „бомбите“, внимавал да бидат службени разговори.

Исто така кажа и дека се надева дека тие материјали не се излезени од Специјалното јавно обвинителство.

На новинарското прашање, зошто Ел Чека објавува само приватни разговори од ДУИ, Заев рече дека тој е транспарентен и го повика Ел Чека ако има разговори од него, да ги објави.

– Нека објави за секој што мисли дека треба да објави, но треба да знае дека има одговорност за тоа. Постои Закон и кривично се одговара за тоа. Овој човек не води грижа за приватноста и треба да одговара за тоа. И кога тогаш ќе одговара, светот е глобално село. Ова му е директно од премиерот – ќе одговара, рече Заев.

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Горан Наумовски