Вон: Федерер е вистински херој

Од:

Една од најуспешните американски скијачки – олимписката шампионка Линдзи Вон вели дека е инспирирана од Роџер Федерер и го смета за еден од најголемите спортисти.

„Начинот на кој тој се бори и доминира во спортот ме инспирира. Мислам дека тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња “, вели Вон.

Американката додава дека се сретнала со многу од најпопуларните спортисти во светот и повеќето од нив се држеле арогантно.

„Вистината е дека најголемите спортисти во светот не се толку добри како него. Тој е вреден, исклучително скромен, тој е истиот човек, без разлика дали победува или губи. Тој навистина сака да биде модел на однесување и децата можат да учат од него. Тој е навистина вистински херој и би сакала да бидам како него. Тој е одличен модел за имитација на адолесцентите “, изјави додаде Линдзи Вон.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари