Владимир Штимац потпиша за Фенербахче

Од:

Српскиот центар Владимир Штимац е нов член на Фенербахче, екипа која ја води најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.

Искусниот 32-годишен кошаркар беше донесен во Фенер како помош во подготвителниот период, а денеска со клубот потпиша официјален договор со траење од три месеци, па Штимац ќе игра за тимот и на официјални мечеви во турската лига и Евролигата.

Дебито во сино-жолтиот дрес, Штимац ќе го има утре на претседателскиот куп против неговиот поранешен клуб, Анадолу Ефес. Штимац ќе треба да се наметне со овие три месеци, бидејќи доколку Жофри Ловерњ ги реши проблемите со повредите и се врати во форма, Србинот може да го загуби местото на центарската позиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кер: Ги гледав кошаркарите на Србија како плачат, ужасно се чувствував, направија се

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Србија ја збриша Канада за финале на Светското кошаркарско првенство

Катерина Ѓуровски

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

А1он

Кокошков веќе не е селектор на Србија

А1он