„Виси“ рекордот на Стефка Костадинова во скок во височина од 1987 година – 19-годишната Украинка Махучих прескокна 206 сантиметри

Од:

Младата украинска атлетичарка во скок во височина Јарослава Махучих (19) постигна денеска одличен резултат на митингот во сала во Банска Бистрица, прескокнувајќи 2,06 метри.

Остварувањето на Магучих е трет најдобар резултат на сите времиња во сала и три сантиметри под светскиот рекорд на отворено што од 1987 година суверено го држи легендарната бугарска атлетичарка Стефка Костадинова.

Махучих го сврте кон себе вниманието на спортската јавност на последното Светско првенство во Доха во 2019 година, на кое го освои сребрениот медал.

Светскиот рекорд во сала е во сопственост на Касја Бергквинст, која на 4 февруари 2006 година прескокна 2.08 метри.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата