Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата

Од:

Скандалот со непотизмот кој се разоткри по настапот на најбавната спринтерка на 100 метри во историјата, добро познат и медиумски покриен, ги имаше првите политички и правни последици.

Министерството за спорт на Сомалија го објави отказот на Кадија Аден Дахир, претседателка на Сомалиската атлетска федерација која ја ангажира својата внука да се натпреварува како спринтер на Светските универзитетски игри во Ченгду, Кина.

Насра Али Абукар, внука на Кадија Аден Дахир,истрча 100 метри за 21,81 секунди, завршувајќи 10 секунди зад своите ривалки.

„Кадија Аден Дахир изврши дела на злоупотреба на моќта, непотизам и клевета на името на нацијата на меѓународно ниво“, рече Мохамед Баре Мохамуд, сомалискиот министер за спорт, во изјавата пренесена од новинската агенција ЕФЕ, во која се вели дека владата започнала правна постапка против Дахир.

„Насра Али Абукар не е спортистка, ниту е спринтерка“, рече сомалискиот министер за спорт, кој исто така откри дека нејзината спортска лиценца е фалсификувана од Сомалиската универзитетска спортска асоцијација, институција која не постои.

Сомалиската „спринтерка“ Насра Али Абукар која се натпреваруваше на Светските универзитетски игри во Ченгду, Кина стана хит на социјалните мрежи откако неверојатно бавно истрча на 100 метри за жени.

Многумина го оценија нејзиниот настап како „најбавен досега“ на меѓународно натпреварување, а видеото од трката објавено на Интернет го покрена прашањето зошто Сомалија би испратила спортист кој бил толку недоволно подготвен на големо натпреварување, по што беше откриена измамата што се случи.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Кенијката со трет светски рекорд годинава

Предраг Петровиќ