Вилијамс: Не ни сонував дека ќе бидам повторно овде

Од:

Американската тенисерка Серена Вилијамс ја победи Агњешка Радванска од Полска со 2:1 (6:1, 5:7, 6:2) во финалето на Вимболдон.

„Не можам да опишам како се чувствувам, за малку не отпаднав, минатата година бев во болница, а сега успеав ова да го направам и сум многу среќна.

– Не ни сонував дека повторно ќе бидам овде, но никогаш не се откажав“, изјави Вилијамс по победата во финалето.

„Беше навистина тешко, Радванска е толку млада, но многу успешна и добра тенисерка“, додаде Американката.

Вилијамс во финалето имаше 58 винери и 36 неизнудени грешки, а тенисерката од Полска имаше 13 директни поени и 14 грешки.

Ова е 14-ти Грен Слем за Серена, 5-ти во Англија, со што се изедначи со постарата сестра Венус по бројот на освоени трофеи на Вимболдон.

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари