Викендов 52. „Мавровски меморијал“

Од:

На патеката „Мирна долина“ на Маврово в сабота и недела ќе се одржи 52. издание од меѓународната манифестација во нордиско скијање „Мавровски меморијал“.

За првпат главен покровител е Агенцијата за млади и спорт без чија поддршка годинава немаше да се одржи ова натпреварување.

– Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој и популаризација на спортот, настојува да се приближи до современите светски теркови за унапредување на вредностите на општеството и државата. Токму со одржувањето на „Мавровскиот меморијал“ ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани одржани во Република Македонија. Влогот на многумина низ изминативе 52 години во организирањето на овој настан придонесе „Мавровскиот меморијал“ да прерасне во настан кој го промовира Маврово  и Република Македонија, оставајќи траен белег во спортот, изјави директорот на АМС Марјан Спасески.

Тој додаде дека Агенцијата секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар, а годинава од својот буџет издвои 300.000 денари.

За техничките детали и пријавените учесници говореше спортскиот директор и поранешен македонски репрезентативец Ѓоко Динески.

– Досега седум држави го потврдија своето учество, а во очекување сме на одговор од Романија. Покрај Македонија свои натпреварувачи ќе имаат Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија и Турција. Бројот на учесници е 54 од кои 35 во машка и 19 во женска конкуренција, информираше Динески.

Македонската репрезентација ќе бори 18 натпреварувачи, 15 во машка и три во женска конкуренција.

Во сабота во 10 часот програмата ќе почне со женската трка на 5 км. слободен стил, од 10:45 е машката трка во истата дисциплина на 10 км.

На 1 март в недела во истите термини жените ќе трчаат 10, а мажите 5 километри.

Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски