(ВИДЕО) Инцидент на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо на „Пољуд“

Од:

По полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо на „Пољуд“, имаше инциденти кога локалните навивачи, очигледно исфрустрирани од резултатот, ја пробија заштитната ограда на северната трибина и упаднаа на теренот.

Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните додека навивачите на „Торцида“ се упатија кон трибината на која беа сместени навивачите на Динамо. Сепак, брзата интервенција на полицијата спречи ескалација на насилството.

Бригадата за интервенција успешно ги ограничи навивачите на Хајдук, го спречи нивниот понатамошен продор и ги врати на северната трибина.

Важно е да се напомене дека Динамо неодамна на истиот терен триумфираше над Хајдук за време на првенствениот натпревар.

Би можело да ве интересира

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Масовна тепачка меѓу Торцида и Кохорта во Сплит

Горан Наумовски

УЕФА му се заканува на ПАОК со исфрлање од Европа

Предраг Петровиќ

УЕФА официјално го одложи натпреварот АЕК – Динамо, првиот дуел на 15 август во Загреб

Вороњин ја напушти Динамо Москва и го нарече Путин „кучкин син“

А1он

(ВИДЕО) Сензација на Динамо Загреб: Адеми и Ристовски преку Тотенхем во четвртфинале на ЛЕ

Жарко Настоски