УЕФА му се заканува на ПАОК со исфрлање од Европа

Од:

Реванш натпреварот од третото квалификациско коло за Конференциската лига меѓу ПАОК и Хајдук ќе биде под посебна лупа на УЕФА.

Од европската куќа на фудбалот стигна предупредување до грчкиот клуб дека ќе бидат исфрлени од натпреварувањето доколку нешто се случи на натпреварот против Хајдук, пишуваат грчките медиуми.

ПАОК веќе беше казнет и стадионот беше заклучен од УЕФА, додека клубот еднаш мораше да плати и казна од 60.000 евра.

Овие предупредувања се поради навивачката трагедија која се случи во Атина, кога загина навивачот на АЕК, Михалис Кутурис.

Првиот натпревар во Сплит помина без инциденти и заврши без голови.

На тој меч немаше навивачи на тимот од Солун, како што нема да има симпатизери на Хајдук на стадионот во реваншот.

Инаку, навивачите на сплитскиот тим направија вовед во овој натпревар скандирајќи против навивачите на Партизан на натпреварот помеѓу Хајдук и Славен Белупа, бидејќи е познато дека „Гробари“ имаат братски односи со навивачите на ПАОК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо на „Пољуд“

Навивачите на ПАОК нападнати по дербито во Белград

Предраг Петровиќ

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат