Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Од:

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави дека проектот за европска Суперлига ќе започне во 2025 година и рече дека во него ќе учествуваат Интер, Милан, Наполи, Рома, Олимпик Марсеј, Бенфика, Порто, Спортинг, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт, Бриж и „сите шпански клубови освен Атлетико Мадрид“.

Попладнево помеѓу 17 и 18 часот, некои од споменатите клубови објавија дека тоа не е вистина. Меѓу првите реагираше Рома.

„Рома уште еднаш уверува дека не поддржува ниту еден проект поврзан со т.н. „Суперлига“, соопштија од клубот од Рим.

Реагираше и холандскиот Феенорд.

„Исистираме дека не сме се обврзале, ниту сме разговарале за евентуално формирање на Суперлигата или учество во неа, како што објавија некои странски медиуми. Според она што го знаеме, постојат сомнежи дали оваа иницијатива е добра идеја за клубовите и за националните лиги. Преку клупското здружение ќе продолжиме да размислуваме за иднината, за подобрувања во европскиот фудбал и за зајакнување на позицијата на холандскиот фудбал. Ќе продолжиме активно да ја следиме ситуацијата“, е пораката од Ротердам.

Одговори и Олимпик Марсеј. „Нашата позиција беше веќе дефинирана во декември и не е променета“, објавија Французите.

Европскиот суд во Луксембург на крајот на минатата година донесе пресуда со која се утврди дека ФИФА и УЕФА незаконски ги спречувале клубовите да основаат „Супер лигата на богатите“. Проектот првично беше најавен во април 2022 година, но брзо беше затворен по серијата клупски повлекувања, протести на навивачите и големо противење. И покрај тоа, Барселона и Реал Мадрид две години останаа на истите позиции и не се откажуваат од натпреварот на најбогатите во светот.

Би можело да ве интересира

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Шурбатовиќ: ФСС ќе бара од УЕФА најстроги можни казни за извикувањето „Убиј го Србинот“