(ВИДЕО) Сензација на Динамо Загреб: Адеми и Ристовски преку Тотенхем во четвртфинале на ЛЕ

Од:

Фудбалерите на хрватскиот првак Динамо Загреб направија вечерва неверојатен пресврт, надоместувајќи ја негативата од два гола од лондонската пресметка со Тотенхем, и со хет-трикот на Мислав Оршиќ обезбедија пласман во четвртфиналето во Лига Европа.

Македонските репрезентативци во редовите на хрватскиот тим, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, беа во почетниот состав и дадоа свој придонес во големиот триумф над тимот предводен од Жозе Мурињо.

Динамо до триумфот од 3:0 стигна по 120 минути игра, благодарение пред сè на тројниот стрелец Оршиќ (62, 83 и 106 минута).

Ристовски ги одигра целиот натпревар, додека Адеми беше заменет во 118 минута.

Противникот во четвртфиналето во Лига Европа, фудбалерите на Динамо ќе го дознаат на утрешната жрепка во Нион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо на „Пољуд“

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

Братот на убиениот навивач на АЕК: Не беше хулиган, рече дека оди на кафе

УЕФА жестоко го казни Динамо, до крајот на сезоната во Европа нема гостувања за навивачите

Предраг Петровиќ