Вест Хем нуди 30 милиони евра за Заза

Од:

Фудбалерот на Јувентус Симоне Заза наскоро би можел да премине во Вест Хем доколку се оствари трансферот тежок 30 милиони евра.

Лондонскиот клуб по неуспешните преговори со Милан за напаѓачот Карлос Бака, се сврти кон италијанскиот репрезентативец за кого е подготвен да одвои голема сума, пишуваат италијанските медиуми.

Според информациите, Јувентус е задоволен од понудата, но ќе причека со одговорот додека не се реши ситуацијата околу останувањето на Алваро Мората.

Заза минатата сезона не беше во прв план кај тренерот Масимилијано Алегри, кој повеќе доверба имаше во Мората, Марио Манџукиќ и Паоло Дибала.

Сепак Заза сезоната ја заврши со осум постигнати погодоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач на Вест Хем ги истепа сам сите хулигани во Холандија

Скамака се сели во Вест Хем

Скамака го одбра Вест Хем, ПСЖ ќе извиси

Чешки милијардер купи 27 проценти од акциите на Вест Хем

А1он

Вест Хем цели на пласман меѓу првите четири екипи во Премиер лигата

Жарко Настоски

Тројца играчи на Вест Хем си одат од клубот на крајот на сезонава

Жарко Настоски