Фудбалерот на Јувентус Симоне Заза наскоро би можел да премине во Вест Хем доколку се оствари трансферот тежок 30 милиони евра.
Лондонскиот клуб по неуспешните преговори со Милан за напаѓачот Карлос Бака, се сврти кон италијанскиот репрезентативец за кого е подготвен да одвои голема сума, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите, Јувентус е задоволен од понудата, но ќе причека со одговорот додека не се реши ситуацијата околу останувањето на Алваро Мората.
Заза минатата сезона не беше во прв план кај тренерот Масимилијано Алегри, кој повеќе доверба имаше во Мората, Марио Манџукиќ и Паоло Дибала.
Сепак Заза сезоната ја заврши со осум постигнати погодоци.