Венус Вилијамс избори полуфинале на US Open

Од:

Американката Венус Вилијамс се пласира во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД откако ноќеска во четвртфиналето ја победи Петра Квитова (Чешка) со 2-1.

Вилијамс која е деветта носителка на US Open го освои првиот сет со 6:3, а Квитова со ист резултат возврати во вториот сет. Мечот беше решен во тај-брејк (7:6) во третиот сет.

Во полуфиналето Вилијамс ќе се сретне со сонародничката Слоан Стивенс која синоќа ја елиминира Анастасија Севастова од Летонија исто така со 2-1 (6:3, 3:6 и 7:6).

Другите две двојки за четвртфиналето се:

Каролина Плишкова (Чешка) – Коко Вандевеј (САД) и

Медисон Кис (САД) – Каиа Канепи (Естонија).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари