УС Опен ќе се одржи со почеток на 31 август и без публика

Од:

Еден од четирите тениски гренд слем турнири, Отвореното првенство на САД или УС Опен, ќе се одржи од 31 август до 13 септември, а на трибините во Њујорк нема да бидат пуштени навивачи, потврди денес гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо.

Тој додаде дека Американската тениска асоцијација ќе стори сé што е можно за да обезбеди заштитни мерки и ќе ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигура дека играчите и нивниот персонал не се чувствуваат загрозени.

На лице место ќе бидат обезбедени тестови, дополнителна дезинфекција, повеќе простор во соблекувалните и обезбедено засолниште и транспорт.

Сепак, друго прашање е колку од големите sвезди ќе учествуваат. Досега прва што соопшти дека нема да игра во Њујорк е романската шампионка Симона Халеп.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ