Стипендија од АМС за пливачката Богдановски

Од:

Македонската пливачка Анастасија Богдановски по последниот успех остварен на Гран При Шарлот во САД, кој претставува квалификациски натпревар за Светското првенство во 2015 во Казан, Русија се стекна со стипендија од меѓународна категорија од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Со оствареното време од 0.56.61 на 100 метри слободно што претставува и апсолутен рекорд на Македонија, таа во наредните две години ќе прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 1,3 просечни плати месечно.

Анастасија Богдановски е членка на пливачкиот клуб Вардар од Скопје и тренира под раководство на тренерот Боро Блажевски. Нејзина наредна цел е пласман на Олимписките игри. Иако на пливачите им следува вајлд-карта, таа сака да оствари норма за Рио 2016.

Последниот број на едно од најчитаните пливачки он-лајн списанија СВИМСВАМ во САД ја претстави Анастасија како едно од водечките имиња во пливањето кое допрва се очекува да руши рекорди.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска