Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Од:

Општина Аеродром, во соработка со Федерацијата на училишен спорт и Сојузот на училишен спорт, вчера беше организатор и домаќин на Националното државно првенство во пливање за учениците од основните и средните училишта низ цела Македонија.

На првенството кое се одржа на базенот во Општина Аеродром, учество земаа 140 млади таленти од целата држава, а учениците од Аеродром освоија 4 златни, 4 сребрени и 6 бронзени медали.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна потенцираше дека преку подигнување на квалитетот на образованието Општина Аеродром создава нови таленти, а преку промоција и унапредување на спортот овозможува услови за правилен психофизички развој кај младите.

На овој начин, продолжуваме со остварувањето на нашата цел за Аеродром да биде општина која ќе овозможи соодветни услови во образованието, нови содржини кои го јакнат натпреварувачкиот дух кај младите и го промовираат спортот како најдобар начин за правилен психофизички развој.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром