Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Од:

Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации за Аеродром. Политичката групација која ја потона државата во корупција и криминал и го затрупа Аеродром во ѓубре и отпад, денес повторно преку прес конференција се обидуваат да ги излажат граѓаните. Аматерски, како што е нивната „грижа“ за нашата општина, така денес со беспрекорна леснотија обвинуваат за нешто за одговорноста ја имаат токму тие, се вели во реакцијата на Општина Аеродром.

„СДСМ заедно со коалициониот партнер „Нова Алтернатива“, токму како што седум години ја водат државата во погрешна насока и денешната прес конференција ја упатуваат на погрешна адреса. Посочените фотографии се направени на приватен имот и на локација која е во надлежност на Град Скопје. Вината за тоа што конкретната локација е нечиста ја имаа само градските власти, како што СДСМ е во коалиција со Арсовска.

Анкетите покажуваат дека лажната грижа на СДСМ за граѓаните не поминува. Рејтинзите покажуваат дека и покрај тоа што СДСМ и нивната коалиција е опседната со градоначалникот Муцунски и Општина Аеродром, граѓаните и понатаму поддржуваат проекти, развој и дела, а не манипулации, лаги и дезинформации. Деструктивноста на СДСМ и Арсовска, единствено влијае на нивниот рејтинг, кој од ден во ден е се поблиску до нулата.

На крајот потсетуваме дека Општина Аеродром е цврсто посветена на реализација на проектите кои се ветени пред граѓаните. Дел од тие се проекти се поврзани со позелена и почиста општина и нивната реализација тече без никакви пречки. Денес граѓаните на Аеродром, своето слободно време го поминуваат на новите паркови и игралиштa, а токму анкетите покажуваат дека тие ги поддржуваат ваквите проекти“, велат од оваа скопска локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром

Муцунски во пресрет на утрешниот верски празник: Правиме мали работи, но со многу љубов и искреност