Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Од:

И по 100 дена од вториот последователен мандат на ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески се фали со стари проекти и тековни активности. Тоа се нови 100 дена неработење и целосно отсуство на слух за потребите на граѓаните.

И по 100 дена од новиот мандат Митески се фали со новите објекти на училиштето Блаже Конески и градинката Изворче во Стар Аеродром, направени со средства обезбедени од Владата на СДСМ уште во Буџетот за 2024 година.

Ветувањето за изградба на 4 градинки е заменето со ново за изградба на 5 градинки во Аеродром. Се разбира, за 4 години и 100 дена ниту една од овие градинки не е започната да се гради.

И по 100 дена уште се фали со еднократната помош за новороденче воведена во мандатот на Ивица Коневски, а зголемена од 5.000 на 8.000 денари во мандатот на Златко Марин. При тоа ветувањето за новото зголемување од 20.000 денари исчезна во заборав, рече Милутин Ристески, советник во Советот и претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Од програмата на ОКГ за Аеродром мистериозно исчезнаа и ветените 3.000 нови паркинг места и велопатеките на секоја улица.

Нечистотија на секој чекор. Шампонот од 72-та часа чистење на Орце Ѓорѓиевски не стигна до Аеродром. Ѓубрето од преполните контејнери со првиот ветер завршува по парковите, тротоарите и улиците правејќи диви депонии на секој чекор.

Општината тоне во долгови, училиштата и градинките должат милионски суми за сметките за струја, парно, водовод и комуникациски услуги.

Општинската каса е празна, 4 месеци по изборите се уште не се исплатени ни средствата за членовите на избирачките одбори од локалните избори.

Скратени се и средствата за еднократна парична помош за социјално ранливите категории на граѓани од 1 милион на 440 илјади денари.

Пирамидалните тендерски шеми функционираат како никогаш до сега. Дури 22 тендери со вкупна вредност од 11 милиони евра за само 4 години се доделени на една иста фирма. Повеќе од месец дена од објавувањето на овој скандал од страна на АКТ на СДСМ, Општината молчи на оваа тема. Молчат и институциите кои имаат обврска да го испитаат случајот заради можната корупција.

Судејќи по почетокот на овој мандат, со жалење морам да заклучам дека нѐ чекаат нови 4 години неработење и евтина пропаганда од Митески и ВМРО-ОКГ во Аеродром.

СДСМ будно ќе го следи неработењето на градоначалникот и постојано ќе потсетува на сите нереализирани ветувања.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Граѓаните заслужуваат чиста и уредна општина, а не нови 4 години лаги и празни ветувања, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“