МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Од:

Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја повика денеска Владата да го разреши од должноста претседателот на Агенција за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсоски поради незаконско работење при распределбата на финансиски средства на спортски федерации и екипи, и „итно да ја замрзне постапката за доделување спортски ваучери која е во тек за 2023 година“.

Претходно денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на Мојсовски и членовите на централната комисија на АМС поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови во периодот од 2020 до 2022 година.

Надоврзувајќи се на оваа одлука, МОК во писмо до Владата и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, посочи дека во „конечниот извештај на Државниот завод за ревизија прецизно се констатирани сите незаконски дејанија во работењето на раководството на АМС„ при „распределба на милионски суми без никаква контрола и механизми“.

-Ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти … Одговорноста за брза и ефективна реакција е ваша и е исклучиво во ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем, се бара во писмото на МОК до Владата и вицепремиерката Грковска.

Би можело да ве интересира

Бајрами: Употребата на европско знаменце е политичка корупција што ни се случува, ДКСК може само да укаже на слабостите

Ивановска: Со полна пареа го анализираме договорот со „Бехтел и Енка“

Горан Наумовски

Анализата на ДКСК ќе покаже дека изградбата на Коридорот 8 и 10 е најголемиот инфраструктурен проект, смета Ковачевски

Ана Ололовска

Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон

Горан Наумовски

Грковска: Антикорупциска сè уште не ја доставила претставката дека Груби го користи министерството за партиски средби

А1он

Груби за реакциите на Антикорупциска: Има непребол што не ги добија канцелариите во кои седам со Ахмети

Орце Костов