Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Од:

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија.

Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку својот Фејсбук профил.

Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност. Тој, исто така, работел и во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер. Во Општина Гостивар ги вршел функциите раководител на Одделение за управување со човечки ресурси и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Семејството соопшти дека погребот ќе се одржи денес по попладневната молитва.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев