Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

Од:

Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. Наместо институционална одговорност за ваквиот скандал, денес сведочиме на нејзино унапредување во самата Антикорупциска комисија – соопштија од Левица.

Од партијата велат „Сѐ уште нема разрешница за двете постапки кои Антикорупциска комисија ги отвори против Цвета Ристовска – за непријавување имот во анкетниот лист и за добивање средства за изборна кампања од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнителен сомнеж за начинот на кој функционираше раководството на ДКСК предизвикува и случајот со дипломата на директорот на АНБ. Токму Цвета Ристовска го затвори предметот поврзан со сомнежите за спорната диплома на директорот Бојан Христовски. Особено проблематично е што во јавноста постојат фотографии од заеднички настани и контакти меѓу Цвета Ристовска и ректорот Ацо Миленковски, односно лицето чија образовна институција ја издала спорната диплома“.

„Ниту Основното јавно обвинителство досега нема дадено одговор по кривичната пријава што Левица ја поднесе против Цвета Ристовска за непријавување имот. Молкот на институциите само ги зајакнува сомнежите дека станува збор за организирано прикривање на одговорноста и селективна правда. Фактот што Антикорупциската комисија не отвори ниту еден предмет во кој е утврдена одговорност на актуелен висок функционер, покажува дека оваа институција е целосно заробена и ставена во функција на заштита на ДПМНЕ, наместо во служба на борбата против корупцијата. Денешниот избор на Катерина Зајковска е уште една потврда дека наместо прочистување на институцијата од кадри поврзани со скандали, власта избира континуитет на истите структури и истите практики. Наместо независна антикорупциска комисија, граѓаните добиваат партизирана институција која служи како штит за функционерите и како инструмент за пресметка со политичките противници“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна