Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

Од:

Денешната одлука на собраниската комисија со која Катерина Зајковска е предложена за нов член на Антикорупциска комисија претставува скандалозен обид за континуитет на истите структури кои ја компромитираа Антикорупциската комисија. Левица претходно јавно објави сериозни сомнежи дека токму Катерина Зајковска, како вработена во секторот за финансирање на политички партии во ДКСК, била дел од прикривањето на спорните податоци поврзани со фирмата „Буст ДООЕЛ“ – фирма на синовите на Цвета Ристовска, реагираат од Левица.

Од партијата велат „Скандалот е уште поголем ако се знае дека токму страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасувала во извештајот за претседателската кампања на ДПМНЕ, иако фирмата инкасирала околу 2 милиони денари од изборната кампања. Додека Цвета Ристовска ја сокри оваа фирма од нејзиниот анкетен лист, Катерина Зајковска била член на институцијата која треба да врши контрола на изборното финансирање на партиите“.

„Особено загрижува што Катерина Зајковска и самата потврди дека страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасува во извештајот, но наместо дисквалификација, денес пратениците од власта ја наградија со кандидатура за член на ДКСК. Со вакви кадровски решенија, Антикорупциската комисија се претвора во заштитен штит на политичко-бизнис мрежи блиски до власта. Наместо Антикорупциска комисија со интегритет, режимот на власт врши ротација на партиски послушници поврзани со скандали, прикривање фирми и сомнежи за политичка заштита на корупцијата“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките