Србија со убедлив старт на „Дејвис купот“

Од:

Србија даде најава за силно претставување во дебитантското издание на новиот формат на „Дејвис купот“, откако ја победи Јапонија со 3:0 во нивниот прв натпревар од турнирот во Мадрид.

Србите предводени од Новак Ѓоковиќ немаа проблем да забележат чист успех и сериозно да ги зголемат своите шанси да дојдат до четвртфиналето на турнирот.

Во првиот натпревар во сингл вториот ракета на шампионите од 2010 година, Филип Крајновиќ го победи Јуичи Сугита со 6-2, 6-4, по што Новак Ѓоковиќ немаше проблем да го запечати својот успех по 6-1, 6-2 против Јошихито Нишиока.

Во дуелот во двојки, Јанко Типсаревиќ и Виктор Троицки не дозволија изненадување и ги совладаа Бен Меклахлан и Јасутака Учијама со 7-6, 7-6 за да му обезбедат на својот тим чиста победа.

За Јапонците ова беше втор пораз по вчерашниот против Франција со 1-2 и тие веќе немаат шанса да одат напред, додека утре Србија и Франција ќе утврдат кој ќе заврши на прво место во групата. Во четвртфиналето ќе се најдат шесте победници во групата и двете најсилни втори екипи.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ