Шарапова нема да игра на турнирот во Рим

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова се повлече од турнирот во Рим, објави „tennis.com“.

Тенисерката ја донесе оваа одлука поради повредата на рамото која ја мачи во текот на изминатите неколку години.

Претходно, таа одби да учествува на силните турнири во Штутгарт (22-28 април) и Мадрид (4-11 мај).

Шарапова три пати го има освојувано турнирот во Рим – во 2011, 2012 и 2015 година.

Русинката најверојатно ќе падне значително во рангирањето на ВТА листата и според тоа, нема да биде меѓу носителките на „Ролан Гарос“.

Пред една година, Шарапова по добрите игри во Мадрид и Рим, се искачи од 52-то на 30. место на ВТА ранг листата.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ