Шарапова го мина третото коло на US Open, елиминиран Чилиќ

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова успеа да го мине третото коло на US Open откако ноќеска постигна победа од 2-0 во сетови (7:5 и 6:2) против Софија Кенин.

Таа во следното коло ќе игра против Анастасија Севастова. На мечевите одиграни синоќа на терените на „Флешинг Медоу“ победи во женска конкуренција постигнаа уште: Венус Вилијамс, Петра Квитова, Стефани Слоунс и Гарбине Мугуруза.

Кај мажите во меч од 3. коло непријатно беше изненаден шампионот на US Open од 2014 година Марин Чилиќ од Хрватска, кој загуби од Диего Шварцман од Аргентина со 3-1 во сетови, иако поведе со 1-0. Резултат по сетови: 4:6; 7:5; 7:5 и 6:4.

Хрватскиот тенис „немаше свој ден“ бидејќи елиминирани беа и Борна Чориќ (кај мажите) и Дона Векиќ (кај жените).

Осминафиналисти во машка конкуренција станаа уште: Кевин Андерсон, Денис Шаповалов, Миша Зверев и Сем Квери.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари