Роналдо: Салах е поинаков, не правете споредби меѓу нас

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, пред финалето на Лигата на шампионите истакна дека не гледа потреба од споредбите со најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах, бидејќи и двајцата се посебни на свој начин.

– Луѓето сакаат да ме споредуваат со други играчи. Јас сум поинаков од сите нив, како што е и Салах поинаков од другите. Тој игра со левата нога, јас со десната, јас сум повисок и затоа играм повеќе со глава, во целост сме поинакви, истакна Роналдо.

Салах имаше одлична прва сезона во Ливерпул, а настапи на 51 натпревар на кои постигна 44 голови. Роналдо беше стрелец на исто толку голови, но на осум натпревари помалку.

– Морам да забележам дека Салах имаше одлична сезона. Ќе видиме утре, овој натпревар ќе биде посебен. Сакам да играм во Лигата на шампионите и доколку го освојам трофејот за петти пат тоа ќе биде остварување на мојот сон. Сакам да останам фокусиран на натпреварот и да го освојам овој неверојатен трофеј, истакна фудбалерот на Реал.

Реал Мадрид утре во Киев во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Ливерпул, а воедно ќе се обиде да ја освои третата титула во низа.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ