ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Од:

Фудбалерите на Ал Наср синоќа го победија тимот на Ал Шабаб со 3:2 на гостувањето во 21. коло од саудиската Премиер лига, а повеќе од самата игра се зборуваше за потегот што португалскиот ас Кристијано Роналдо го направи во самиот финиш на мечот.

Домашните навивачи во текот на целиот натпревар го провоцираа Роналдо со извици „Меси, Меси“, а на крајот Португалецот беше тој што позадоволен си замина дома.

Кристијано постигна еден од трите гола, додека на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Роналдо вулгарно гестикулира кон трибините токму поради тие извици.

Португалецот со овој потег ги предизвика домашните навивачи да бидат погласни.

Инаку, Роналдо со гол од пенал во 21. минута го доведе Ал-Наср во водство, а на идентичен начин израмни Караско во осмата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Ал-Наср е втор на табелата во Премиер лигата со четири бода помалку од Ал-Хилал, кој има натпревар помалку, додека Ал Шабаб е на 11-та позиција.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот