Федерер: Ох господе, ова беше брутално

Од:

Роџер Федерер се врати од 0:2 во сетови и го победи Французинот Жилиен Бенето со 4:6, 6:7(3), 6:2, 7:6(6), 6:1 во третото коло на Вимболдон.

Иако под голем притисок, особено во 4-от сет, Швајцарецот успеа да остане смирен и да направи голем пресврт.

Федерер на два пати во 4-от сет сервираше за опстанок во мечот и иако Бенето во тај-брејк имаше сервис на 6-6, не успеа да приреди сензација и да го победи Роџер.

Во 5-от сет без дилема, Бенето падна и психички и физички и му ја олесни работата на Федерер.

„Исклучително тежок меч. Ох господе, ова беше брутално. Очигледно, беше потребна и малку среќа, која беше на моја страна. Се трудев и се борев со сета сила, до самиот крај. Тој играше врвен тенис. Ме доведуваше во недоумица во поголемиот дел на мечот. Не знаев што да одиграм. Тоа му е големо признание од мене, затоа што беше одличен“, изјави по мечот, Роџер Федерер.

„Кога губите 2:0 во сетови, најбитно е да останете смирени колку и да е тешко. Нормално е дека резултатот ќе ве оптерети, но немате премногу прилики да се вратите“, додаде Швајцарецот.

„Повторно покажа колку е голем, најголем! Ментално е како карпа. Губи два сета, а ништо не покажува“, рече францускиот тенисер Бенето.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ