Прв тренинг на „црвено-жолтите“ во Букурешт

Од:

Македонските фудбалери попладнево го одржаа првиот тренинг на Националниот стадион во Букурешт, на кој во недела од 18 часот, против Австрија го игра првиот натпревар на едно Европско првенство во историјата на нашата репрезентација.

Македонските фудбалери претпладнево со чартер лет пристигнаа во романската престолнина, која во следните десет дена ќе биде база на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020.

По воведниот дуел против Австријците во рамки на групата Ц, избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националниот стадион во Букурешт на 17 јуни играат против Украина, по што составот се сели во Амстердам за мечот против домаќинот Холандија на 21 јуни.

Европското првенство почнува во четврток со натпреварот меѓу Италија и Турција во Рим.

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски