Пораз на Ѓорческа на стартот од фјучрсот во Италија

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Италија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Таа денеска е поразена од Катарина Завацка од Украина (17.години, 533 место на ВТА) со 2-1 во сетови по три часа игра.

Првиот сет и припадна на Завацка со 6:3 во гемови, а следниот сет го доби Ѓорческа со 6:4. Во решавачкиот сет беше 7:6 во гемови и 7:3 на поени за противинчката. Во тај-брекот Ѓорческа поведе со 3:1, но Завацка освои шест поени во серија и го доби мечот.

Нашата тенисерка ќе игра во четвртфиналето во конкуренција на двојки. Таа и Камила Росатело (Италија) без борба го добија мечот од првата рунда откако противничките Јасмина Паолини и Џесика Пиери го предадоа мечот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ